Најновата станбена афера во Охрид во која според Кривичната пријава што ја поднесе СВР Охрид, сопственикот на фирмата “Центар НМБ“ ДООЕЛ –Охрид, Милчо Најдески незаконски продавал еден стан на повеќе лица, тежи многу повеќе од првичните сознанија на полицијата.
Куќата на чие место требало да се гради зграда на ул. „Димитар Влахов“
Најдески се товари дека во зградата која требало да се изгради на имот на бугарската државјанка Јулијана Антова на ул. “Димитар Влахов“ со вешта измама оштетил 20 граѓани за близу 300.000 евра. Но, по објавувањето на аферата бројот на оштетени граѓани кои ги пријавиле своите случаи во полицијата пораснал на над 30.
Снежана Здравеска-оштетена за 10.000 евра
„Јас сум оштетена за 10.000 евра кои му ги дадов на Милчо Најдески пред околу 4 години, со кого имав преддоговор дека доколку не ми ги врати парите, ќе добијам стан со доплата во зграда на бугарската државјанка, но не добив ниту пари ниту стан“, ни изјави Снежана Здравеска, оштетена во станбената афера. Таа рече дека познава голем број други граѓани кои се измени на сличен начин. Има луѓе кои ги продадоа своите станови со ветување дека ќе добијат нови поголеми станови на пубава локација. Но, тие по продажбата на своите станови живеат под кирија ден денес и не ги добиле новите станови, тврди Здравеска.
оштетени и купувачи на станови во зградата во центар
Исто така повеќе граѓани, меѓу кои има и бизнисмени и видни охриѓани, на сличен начин биле оштетени со авансна уплата на станови во зградата во изградба во центарот на Охрид во близина на ресторанот Антико. Се стравува дека бројот на измамените граѓани е многу поголем и дека “охридскиот Фиком“ тежи двојно или тројно повеќе од првичната проценка.
атрактивна локација со голем ризик
Осомничените се недостапни за органите на правдата. Неофицијално се дознава дека и двајцата осомничени се наоѓаат надвор од Македонија.
Г. Момироски
фото: Васко Бујароски