Јапонецот Хироши Нохара, кој живеел на терминал во меѓународниот аеродром во Мексико Сити, си заминал под мистериозни околности. Мексиканскиот весник Реформа објавил фотографии како влегува во такси со непозната жена, која го посетила најмалку два пати на аеродромот.
Нохара стана локална ѕвезда бидејќи речиси три месеци живеел на аеродромот без никаква причина. Имал туристичка виза и повратна карта. Никогаш не ги објаснал неговите мотиви за престојот на аеродромот.