Околу триста сопственици на станови во десетина новоизградени згради во Охрид повеќе месеци не можат да се вселат во нив бидејќи немаат приклучок за електрична енергија. Тие тврдат дека иако уредно ги платиле своите станови, а инвеститорите ги подмириле комуналиите кон општината, тие и натаму немаат струја. Таков е и примерот со 4-те згради и хотелот “Ројал“ на кејот.


новоизградените згради кај “Ројал“ со месеци чекаат на приклучок за струја

„Легално ги имаме платено сите давачки, но скоро веќе десет месеци не можеме да се вселиме во нашите станови поради тоа што сеуште не ни е приклучена електричната енергија. Од кои причини не знам, но истиот проблем го имаат и околните три згради, вели Рубин Земон, сопственик на стан во зграда кај х. “Ројал“. Давачките се платени и каде навистина лежи проблемот не знаеме, вели Земон. Тој најави дека доколку наскоро проблемот може да се случи станарите да поднесат и колективна тужба.


Има стан нема струја-Рубин Земон

Сличен проблем има и  х. “Ројал“ од каде ни потврдија дека иако уредно ги имаат платено сите давачки сеуште хотелот не добил елекреична енергија со соодветна јачина.


има напон нема струја

Градоначалникот Петрески го потврди случајот. Имаме десетина изградени згради каде и покрај тоа што инвеститорите ги имаат подмирено сите обвсрки на станарите не можат да им пуштат струја поради новиот начин на работа  кој по приватизацијата го наметна ЕВН, вели Петреки. Треба да се изградат трафостаници за кои ЕВН треба да обезбеди градежно земјиште, а општината да даде одобрение за градба. Ние подготвуваме десетина такви одобренија но проблем претсатвува и сопственоста на трафостаниците, објанува Петрески. „Ако трафостаниоците ги финансираат општината и инвеститорите тогаш тие не можат да бидат сопственост на ЕВН и затоа е најдобро ЕВН сама да ги гради истите“, вели Петрески. Тој вели дека реален проблем претставува и разликата во цена за надоместокок за приклучок на електрична енергија кој го наплаќа општината со комуналиите и тоа што го бара ЕВН. Поради тоа општината ќе побара државата да направи измени во законската регулатива со што во иднина комуналии за приклучок на електрична енергија нема да наплаќа општината туку ова прашање  пазарно ќе го решаваат ЕВН и инвеститорите. „Дотогаш ќе треба да се изнајде решение за проблемот на граѓаните“, рече Петрески.


Ќе се бара решение за проблемот-Петрески

Геадоначалникот Петрески најави дека на  10 март ќе се одржи состанок помеѓу претствници на локалната самоуптава и Електро Охрид со цел да се најде излез од сегашната состојба и да се избегне решавање на проблемот по судски пат. Случајот го потврдија и од Електро Охрид, но за изјава не упатија на портпаролот на ЕВН, Ленче Карпузовска, која откако вети објаснување на кое чекаат медиумите и јавноста.

Горан Момироски