Сузан Толефсен на 57 години првпат станала мајка на малото девојче Фреј.Оваа жена пред неколку недели го посетила гинекологот со зголемен стомак и со сомневање дека има рак на јајници.

Била многу изненадена кога по ултразвучниот преглед дознала дека нема рак на јајници, туку дека е трудна во 30-та недела од бременоста. Девет недели по радосната вест со царски рез родила здраво девојче.

Оваа учителка на деца со посебни потреби и нејзиниот 11 години помлад партнер Ник Маер се венчале во 1998 година. Долги години сакале да имаат деца, но не биле во можност бидејќи Сузан се грижела за нејзината тешко болна мајка.

Тогаш кога се решиле да имаат дете почнале со вештачко оплодување.Меѓутоа поради годините на Сузан и многу ризичната бременост, ги одбиле во клиниките во Велика Британија, па отишле на вештачко оплодување на клиника во Москва.

Со вештачко оплодување на донирана јајце клетка и сперма од Ник, родена е малата Фреј, откако нејзината мајка имала спонтан абортус минатата година и ги изгубила сите надежи.

Мајката и бебето само два дена по породувањето се пуштени дома. Иако и кажале дека со девојчето се е во ред, Сузан не се опуштила се додека не и ја донеле да ја види ќеркичката.
„Кога ми ја ставија на градите не знаев што да направам, само ја гледав со часови. И кажав дека таа е моето чудесно дете и дека долго ја чекав“ изјавила пресреќната мајка.

Сузан признала дека ја мачи помислата што ќе биде со нејзината ќеркичка кога ќе порасне, а таа ќе остари. Меѓутоа вели дека тогаш ќе размислува за тоа. Сега е подготвена да биде мајка, а семејството и пријателите ја подржуваат.

ohridnews