Џулија Елија од Неапол станала најмладата баба во Европа со своите 29 години, откако нејзината ќерка Ана, која има 14 години, на свет го донела девојчето Луција. Јулија вели дека и годи титулата, но додава и дека не била многу среќна кога дознала дека нејзината ќерка е бремена.


Вели дека не сакала Ана да ја повтори нејзината грешка, бидејќи знае колку е тешко да се биде мајка на тие години. Сега и останува само да се грижи за внуката како за втора ќерка. Најмладата баба сега живее со три деца, бидејќи им се приклучил и таткото на внуката, кој сеуште немал наполнето 18 години.