Понпеи е остров во Пацификот кој има 34 илјади жители. Имаат и своја фудбалска екипа, но никогаш во нивната историја не успеале да победат некого. Двајца англичани одлучиле тоа да го променат. Пол Вотсон, спортски новинар и аматерски фудбалер ја прифатил понудата и станал нивни тренер. Ќе му помага пријателот Метју Конрад.
Потполно случајно дознале дека бараат тренер и помошник. Пол рекол дека забележале оти некои од нив имаат талент, но повеќето немале ниту патики. Некои од нив пешачеле за на тренинг по час и половина. Сега тие бараат спонзори за да им обезбедат копачки на сите фудбалери. Англиските клубови Тотенхем, Јеовил и Норвич се понудиле и им испратиле дресови.