Британецот ричард Роден го добил своето 13 дете во својата 72 година. Неговата сопруга Лиза, која има само 26 години, минатиот месец ја родила ќерката Медисон. Пред две години пензионираниот заварувач станал настариот човек кој добил близнаци, откако неговата млада жена ги родила Емили и Руби.
Сите три деца кои ги има со Лиза се зачнати по природен пат, а Ричард тврди дека никогаш не користел вијагра. Од претходните два брака Ричард има седум ќерки и три сина, и вели дека би сакал Лиза да му роди еден син. Тој веќе станал и дедо. Со Лиза се запознал пред шест години, а за себе рекол дека е вистински среќник што има така млада сопруга.