Ирската нискотарифна компанија Рајанер планира од септември да ги препушти командите на еден од своите авиони на Рајан Ирвин, кој има 19 години, еден од најмладите пилоти кои некогаш ги вработила. Бројните патници и експерти сметаат дека е премногу млад и дека во случај на опасност секој грам искуство би можел да биде пресуден. Ирвин обуката за пилот ја започнал на 17 години, веднаш по завршувањето на средното училиште. Година и пол подоцна се приклучил на воздухопловната академија во Оксфорд.
Рајан, кој моментално се наоѓа на обука како би можел да лета со Боинг 737, рекол дека од Рајанер веднаш му понудиле работа, за што и самиот бил изненаден. Имено, од септември ќе лета како копилот во кабината и ќе превезува 180 патници на разни дестинации. Многу патници и експерти ја оспоруваат оваа идеја, посебно по несреќата која неодамна во Сан Франциско му се случи на Боингот 777 на корејската компанија, во која како се воспостави подоцна, управувале капетан на обука и недоволно искусен инструктор.