Еден британец кој има 29 години ќе стане најмладиот дедо на островот кога ова лето ќе се породи неговата малолетна ќерка. Велика Британија во 2006 година ја добила најмладата мајка на светот која при породувањето имала само 11 години, а сега е на пат и да го добие најмладиот дедо. Станува збор за човек кој има 29 години, чија ќерка која има 14 години останал бремена од момчето кое има само 15 години.


Идниот дедо, чие име се држи во анонимност, ја поддржува својата ќерка, иако добро знае колку е тешко да се биде млад родител, бидејќи своето прво дете го добил на 15 години. Медиумите известиле дека тој својата животна приказна ја продал на еден од медиумите и за тоа добил петоцифрена сума.