Невработениот Сем Дејвис станал најмладиот дедо во Велика Британија бидејќи неговата ќерка се породила на неполни 15 години. Тој и неговата поранешна девојка Кели Џон, која има 30 години, биде пресреќни кога нивната ќерка Тија, која ја добиле на 14 односно 15 години, ја родила малата Грејси минатиот месец. Момчето на Тија, Џордан Вилијамс, кој има 15 години, полагал матурски испит една седмица пред да се роди Грејси.


Џордан изјавил дека е капитен на училишниот рагби тим, а тоа било како да имате 14 деца. Една седмица откако се породила Тија го прославила својот 15 роденден во болницата опкружена со пријателите и семејството. Болничарките во болницата мислеле дека младиот дедо е всушност татко на малата Грејси.