Американскиот милионер и филантроп Џон Стрикер го продал својот луксузен стан во Њујорк за 42 милиони долари. Стрикер во 2002 година за 12,8 милиони долари купил два соседни станови, што тогаш била најскапа продажба на стан во историјата на њујоршкиот Апер Вест Сајд. Стрикер ги споил становите, претворајќи ги во пентхаус ио сега добро заработил на продажбата.
Станот од 600 квадратни метри се наоѓа на врвот од познатата зграда Прасада која е изградена од 1905 до 1907 година. Има 12 соби, од кои четири спални, две дневни соби, кујна, четири тоалети и библиотека. Покрај 600 квадрати од станот, анонимниот купувач добил и 230 квадрати надворешен простор кој вклучува две тераси. низ целиот стан се протегаат 45 прозорци, па така новиот сопственик во секој дел од станот ќе има прекрасен поглед на Централ Парк и панорама на Њујорк.