Во Дубаи вчера свечено беше пуштена во употреба највисоката зграда на светот „Бурж Дубаи“. Облакодерот од челик и стакло е висок 800 метри и има над 200 ката, од кои 160 се наменети за живеење. Дури 95% од становите во зградта се продадени. Нивната почетна цеnа била 1900 долари, но сега метар квадратен станбен простор се продава за половина поевтоно. За споредба цената на метар квадратен станбен простор во најатрактивните делови на Охрид  достигнува и повеќе од 1500 долари.

Инаку во најголемата кула на светот, се наоѓа и луксузниот хотел Армани со спа центар, како и највисокиот ресторан на светот, сместен на 122-от кат и паркинг со над 3.000 места. Кулата, за чија изградба се потрошени 330.000 кубни метри бетон и 31.400 тони железни шипки, се гледа на оддалеченост од дури 95 километри.

Ohridnews