Еден минијатурен стан кој се простира на помалку од шест квадратни метри бил проценет на 220 илјади евра поради својата идеална положба во центарот на Лондон. Станот со должина 3,35 и ширина 1,68 метри се состои од две простории.
Едната служи како дневна соба, како соба за спиење и кујна со најпотребната опрема, а во втората е сместен тоалетот. Сопственикот на станот рекол дека тоа е место кое служи само како преноќиште, но и дека неговата голема вредност на пазарот за недвижности е неоспорна, пред се поради неговата местоположба.