Најскапиот стан во Мајами конечно, после 17 месеци, е продаден за неверојатни 60 милиони долари. Тоа е за дури 10 милиони повеќе од почетната цена која беше барана за него. Станот од 1160 метри квадратни, кој се наоѓа на врвот на осумнаесеткатната зграда “Faena House”, гледа на прекрасниот брег на Мајами Бич.
Зградата е изградена од аргентинската компанија „Faena Group“ и се состои од 47 резиденции, но овој стан на врвот на зградата е најлуксузен од сите. Ѕидовите се од стакло, има пет соби, соба за пресоблекување, безен долг 21 метар, како и тераса во бразилски стил. Станот има и собар и чувар, спа центар и фитнес центар со директен поглед на океанот.