„Стан“ во центарот на Париз од 6,2 квадратни метри се продава по цена од 76 илјади евра. Ова минијатурна стамбена единица, претворена во гарсоњера, има туш и заеднички тоалет во поткривјето и се наоѓа во деветиот париски ародондисман. Идниот сопственик нема да може да го издава овој простор, бидејќи според францускиот закон е забрането како стамбена единица за постојан престој да се издава простор помал од девет квадрати, или за привремен престој простор помал од седум квадрати.
Обично така малите простори се купуваат за да се издаваат, и сопствениците често го кршат законот. Неодамна весникот Фигаро пишуваше за станар кој 15 години изнајмувал соба во Париз од четири метри квадратни по цена од 300 евра месечно, што е противзаконски, а такви примери во францускиот главен град има многу.