Акциониот хит “Платеници 2” буквално ги преполна американските кино сали и стана најгледан филм за овој викенд.

Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Жан Клод Ван Дам и Чак Норис уште го имаат она што е потребно за да се привлече голема публика, а тоа го покажува заработката од 29 милиони долари во првиот викенд на прикажување.

“Платеници 2” на крајот на викендот го завзеде првото место на бокс офисот, а по него следуваат “Борновото наследство” и “Издигнувањето на темниот витез”.