Холивудскиот актер во неделата на Инстаграм подели фотографија на која гордо позира во друштво на својата ќерка Систине. Силвестер Сталоне во описот покрај фотографијата со својата 16-годишна ќерка порача: „Со ќерлата Систине која сака да биде модел. Благодарен сум на своите деца. Верувам дека ти тоа го можеш!“. Систине покрај својот татко стои во ултра кратко фустанче и со беспрекорно нанесена шминка, додека нејзиниот татко не ја трга насмевката од лицето.
Во едно неодамна дадено интервју Систине изјавила дека е спремна на сите последици кои ги нои славата со оглед на тоа што нејзиниот татко е светски познат актер. Вели дека има доволно години и дека доколку сака да биде пред камерите ќе биде. Додава и дека не планира да тргне по стапките од својот татко. Според неа, грозна е како актерка. Воопшто не сака да се гледа на снимките на кои зборува.