Двајцата холивудски актери, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне, кои се пред пензија, барем што се однесува до акционите филмови, се сретнале во болница во која се нашле обајцата поради санирање на ситни повреди со кои се здобиле за време на снимањето на некои акциони сцени. Иако и Сталоне(65) и Шварценегер(64) би требало за акционите сцени да најдат каскадери, тие сепак снимаат сами, и не изненадува фактот што после снимањето завршуваат во болница.

Овој пат двајцата легендарни актери наишле еден на друг и се фотографирале. Арнолд ја објавил фотографијата на друштвените мрежи и напишал дека после целата акција и психичката измореност од снимањето на “The Expendables 2” и “The Last Stand”, дошло време за мало подесување на неговото рамо. Во постот потоа пишувало „Погледнете кој уште чекаше во редот за местење. Сега сме спремни за уште една рунда“.