Стаклено украсно шишенце високо само четири сантиметри е продадено за 1 250 000 евра. Шишенцето е од 18 век, а направено е за кинескиот цар Qianlong. Ова шишенце било дел од колекцијата на Џорџ и Мери Блош.
Очекувале дека на аукцијата во Хонг Конг ќе го продадат за најмногу 250 000 евра, но рекордната цена ги изненадила дури и организаторите. Колекцијата на шишенца која ја собирале Блош содржи околу 140 шишенца, а сите се на аукција.