Читателите на музичкото списание “Rolling Stone” одлучиле дека најдобра балада на сите времиња е песната “Stairway To heaven” на групата”Led Zeppelin”. Баладата за прв пат во јавноста се појавила 1971 година и до ден денес често се пушта на радио станиците, па читателите на списанието и го дале залуженото почитување.
На второто место се нашла песната на британскиот бенд “The Beatles”, “Something”, додека третото место го зазеде „Rolling Stones“ со познатата балада “Wild Horses”. Четвртото место е резервирано за “Guns ‘n Roses” и песната “November Rain”, додека на петтото повторно се нашле Битлси со нумерата “Let it Be”.