Секна струјата на градскиот стадион во Дебар. Фудбалскиот клуб “Кораб“ од Дебар кој е “кираџија“ на стадионот по 40 години остана без струја. Од формирањто на клубот тој е под капата на “локалната“ па досега никој и не мислеше многу за сметките за електрична енергија кои стигнуваа на стадионот.


– Исклучена ни е струјата за прв пат по формирањето на клубот, кој егзистира повеќе од 40 години.  Пред некој ден ни стигна сметка од ЕВН на која вели дека должиме повеќе од 40 илјади евра за струја  Ние би подмириле дел од сметките но ваква голема сума не може да плати некој европски клуб, а камоли ние кои се натпреваруваме во регионот. Покрај тоа што не можеме да ги вршиме секојдневните тренинзи не можеме ниту да се напиеме кафе со гостите кои ни доаѓаат во Дебар, По исклучувањето на струјата пополнувањето на записниците се врши на рака бидејки нема каде да ја приклучиме машината – не информираше преставникот на клубот Шериф Фетаху.


ФК “Кораб “ кој на фудбалската карта е околу 40 години, своевремено настапуваше во Втората Македонска фудбалска лига. Пред две сезони се здобија со таква шанса но беа поразени во баражот од Локомотива. Кораб моментално се натпреварува во третата регионална лига, а викендов го доби дербито на колото совалдувајки го со 2-1 аспирантот за влез во Втората лига Работник од Битола. Лидер во третата лига Југозапад е струшки Влазними.

М.Постоловски