Поранешниот дом на Фудбалскиот клуб Охрид, а моментално на Воска 2002 и Воска Спорт, стадионот „Грашница“ ќе добие нов лик.

Со цел за подобрување на јавните добра во Охрид, оградувањето на стадионот е во завршна фаза. После завршување на овој проект, ќе следува средување на тревникот и соблекувалните. Неодамна, веднаш до стадионот во функција беше пуштено детското игралиште.

Целиот проект чини 760 000 денари, а го реализираат екипи од Јавното претпријатие „Градски Гробишта“.

OhridNews