Тони смет останаа на и околу стадионот „Билјанини извори“ каде синоќа концерт одржа американската рок ѕвезда Лени Кравиц. Остатоци од отпушоци, пластични шишиња и друга ПЕТ амбалажа го прекрија тревникот на градскиот стадион. Организиторот на концертот утрово започна да го расчистува сметот. Јавното комунално претпријатие нема ангажирано свои екипи во расчистувањето на сметот поради презафатеност. Оттаму информираат дека по расчистување на сметот од страна на организаторот истиот ќе биде подигнат и соодветно одложен.


Опремата демионтирана – се расчистуваше сметот

Паралелно со расчистувањето на просторот експресно беше демонтирана концертнта опрема. За концертот на Лени Кравиц во Охрид беше поставена најголема бина досега, 24 метри, а вкупната опрема тежеше 15 тони.

ohridnews