Градскиот стадион „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин на финалната разврска во Општинската фудбалска лига по што ќе се знае вториот патник во баражот за влез во Третата лига по шампионот Лакочереј.


На стадионот викендов ќе се одиграат полуфиналните мечеви од завршниот турнир додека следниот на програмата е финалето.

В сабота со почеток во 17 часот ќе се сретнат Дебрца – Воска додека во истиот термин в недела силите ќе ги одмерат Сатеска – Рудар.

Победниците од полуфиналните натпревари на 24 мај во финалето ќе се борат за второто место кое води во бараж мечевите за пласман во Третата лига.

Директен пласман во баражот обезбеди Лакочереј освојувајќи ја титула во регуларниот дел од шампионатот.

Охридска спортска арена ќе биде домаќин и на финалето од Општинскиот куп каде ќе се сретнат екипите на Воска и Вулкан.

Мх.П.