Стадион кој се наоѓа во Монако веднаш до арената на ист клуб „Луј Втори“ е преименуван во чест на селекторот на Франција, Дидие Дешамп.
Како што информира „Ле Фигаро“, францускиот тренер беше присутен на свечената церемонија.
Исто така, церемонијата ја посети и принцот Алберт Втори од Монако и околу 500 гледачи, како и млади фудбалери од локалното училиште.
„Стадион Дидие Дешамп“ се наоѓа преку улицата од стадионот на Монако „Луј Втори“.
Исто така, во чест на Дешамп, еден стадионот беше именуван по него во неговиот роден град Бајон.
Франција предводена од Дешамп стана светски шампион на Мундијалот во Русија.
OhridNews