Аргентинскиот стадион “Кордоба“ во иднина ќе се вика Марио Алберт Кемес, во чест на славниот центарфор кој со своите подогоци и ја донесе првата титула светски првак на Аргентина во 1978 година на Мундијалот одигран  на нивно тло.

Стадионот кој е изграден во 1978 за потребите на Мундијалот се наоѓа на северот на Аргентина и се реконструираа за потребите на Копа Америка кој ќе се одржи наредната година во Аргентина.

 – Наша желба беше да му оддадеме признание на најголемиот фудбалер на Кородоба, Марио Кемпес кој не израдува во 1978 година – рече гувернерот на провинцијата Кордоба, Хуан Скјарети.

Кемпес (56) кој за време на својата играчка кариера го носеше прекерот “Матадор“ го постигна првиот гол на тој стадион на 16 мај 1978 година, кога екипата на Меноти играше против локалниот тим.

Пресреќен сум, вообичаено имиња се поставуваат на улици, но ова е навистина неверојатно – вели Кемпес кој моментално работи како коментатор во ЕСПН телевизијата.

Пред Кемпес свои стадиони во Аргентина добија Диего Армандо Марадона и Марсело Бијлеса.

Кемпес за гаучосите одигра 43 натпревари во периодот од 1973 до 1982 година. Постигна 20 гола од кои два во финалето од Светското Првенство против Холандија. Во клупската кариера го има освоено Купот на Европски Шампиони со Валенсија во 1980 година и титулата првак во Аргентина со Ривер Плата во 1981 година.

OhridNews