Тајван неодамна ја завршил изградбата на стадионот кој својата потребна енергија ќе ја добива со помош на соларни ќелии. Овој стадион во облик на змеј има 50 илјади седишта и е прекриен со 8844 соларни панели кои го осветлуваат теренот со 3300 сијалици. Стадионот ќе биде отворен оваа година за дочекот на светските игри 2009 година.
Исто така на стадионот се наоѓаат и два големи екрани. За да ја претстават силата на овој систем официјалните лица извршиле тест во јануари и заклучиле дека се доволни само шест минути за да се вклучи целата расвета на стадионот. Кога на стадионот нема да се одржува ништо енергијата ќе биде пласирана во локалната енергетска мрежа.