Охридскиот стадион во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе добие најсовремен систем за наводнување, со што ќе се подобрат тревникот и условите за тренинг и натпревари, информираат од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Новиот систем е донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со која ЈП „Билјанини Извори“ има успешна соработка.

Ќе бидат поставени 33 прскалки со сонда за влажност на почвата. Новиот најсовремен систем за наводнување може да биде регулиран преку интернет. Тој сигурно ќе придонесе кон зголемувањето на квалитетот на самиот фудбалски терен и секако ќе придонесе и во насока на намалување на потрошувачката на вода, се вели во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.

Целиот процес за инсталирање ќе трае три седмици. Охридскиот стадионот за натпревари и тренинзи на фудбалските екипи ќе биде затворед до 3 април.

За потсетување, соработката на ФФМ со ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид резултираше со изградба на модерната трибина на источната страна од стадионот.

OhridNews