Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека подготовките за отварање на најавениот стационар за згрижување на бездомните кучиња, се при крај.

  • На почетокот на месец јануари ќе биде распишан оглас за избор на ветеринар кој ќе се грижи за кучињата, а испратено е и барање за добивање на одобрение за работа до Агенцијата за храна и ветеринарство. Се очекува постапките да завршат кон крајот на месец јануари, по што на почетокот на февруари треба стационарот да започне со работа, вели директорот на ЈП Охридкси комуналец, Љупчо Грданоски.

Претходно, од страна на јавното претпријатие беа набавени возила кои ќе ги користи шинтерската служба, а во тек е и добивањето на потребните сертификати за луѓето кои се ангажирани во шинтерската служба.

За работата на стационарот, заловување и стручен третман на кучињата скитници, во буџетот за 2019 година превидени се 1.2 милиони денари.

OhridNews