Македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца, информираат од Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден.
Како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници, велат од Стопанската комора на Северна Македонија
Во оваа насока во просториите на Комората се одржа работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација, посочуваат.
Воедно, ги потсетуваат потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители.
OhridNews