Утрово во Охрид измерени се 7 степени Целзиусови. Во текот на денот ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 16 степени, информира УХМР.
Во првата половина од следната работна седмица не очекува слично време. Наутро постудено со слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 4 степени, а максимапната ќе достигне 16 степени.
Г.М.