Здравствената состојба на голманот на Вулверхемптон Руи Патрисио е стабилна, откако португалскиот чувар на мрежата доби тежок удар во главата, на дуелот помеѓу неговиот клуб и Ливерпул, во рамките од Премиер лигата.
Патрисио на носилки беше изнесен од теренот и веднаш префрлен во болница за детални прегледи на главата. Голманот доживеал потрес мозокот, но моментално е свесен и се сеќава на секоја случка од натпреварот, информираше менаџерот на „волците“, Њуњо Еспирито Санто.
Комуницира со персоналот и со нашите претставници. Секогаш е загрижувачки кога некој ќе добие удар во главата. Не поминал добро, но сепак, имал среќа што повредата не е голема. – изјави Еспирито Санто.
Мечот заврши во корист на Ливерпул со 1-0, но во сенка падна поради страотната повреда на голманот Патрисио.
OhridNews