Епидимиолошката состојба во Охрид, Дебрца, Струга и Дебер во моментов е релативно стабилна. Растот на новозаболени пациенти од ковид-19 стагнира. Но се уште мора да бидеме претпазливи и да ги почитуваме мерките и протоколите во време на пандемија, – изјави денеска директор на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.
Комисијата за заразни болести ги промени алгоритмите и начинот на третирање на пациентите со позитивен тест на вирусот ковид -19.
Ако пациентот нема симптоми после 10-от ден без правење на тест завршува со изолацијата. Ако пациентот има симптоми типични за ковид-19 останува во изолација 20 дена. Тој со изолацијата ќе заврши кога три дена во серија нема да има симптоми. Правилото за два негативни тестови не важи. – истакна Точков.
Фокусот на сите кои се борат против вирусот е ставен на oтворање и започнување со работа на образовните институции градинките, училиштата и факултетите.
Подготвени се протоколи и преземени се сите потребни мерки за отворање на образовните институции. Ние стоиме на располагање за се што е потребно и се надевам на позитивно решение во најбрз можен рок. – рече Точков.
Утре, 1 септември, ќе изостане детскиот џагор во училиштата. Првото ѕвонче наместо утре, ќе ѕвони на 1 октомври. До тогаш треба да се знае на кој начин ќе се одржува наставата во учебната 2020/21 година.
Инаку во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се само 11 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 3, и по 1 во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти.
OhridNews