Состојбата со ковид -19 во Општина Охрид е стабилна, – велат од охридската Општа болница. Потврда за тоа е и малиот број на новодијагностицирани случаи во Охрид. Иако процентот на новозаразени вчера во државава беше речиси 23 проценти, во Охрид беше евидентиран само еден нов случај. Воопшто изминативе денови кога земјава бележи голем раст на новозаразени од коронавирус тој број во Охрид е едноцифрен.
Директорот на охридската Општа болница, Др. Горан Балевски во изјава за OhridNews истакна дека во моментов хоспитализирани се 24 пациенти со ковид -19 и суспектни, кои се тестирани и за нив резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден.
На инфективното одделение има слободни кревети, а медицинскиот персонал е подготвен да одговори на предизвикот. – изјави Др. Балевски.
Во текот на пандемијата од коронавирусот во Охрид регистирани се вкупно 463 случаи, додека моментално активни се 47 случаи.
OhridNews