Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работниви (ССНМ) најостро го осудува предлог законот поднесен од пратеникот од ДУИ Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски со кој се забранува натамошно објавување на прислушуваните разговори. Со овој закон се забранува ре-објавување на веќе објавените „бомби“, а нови материјали директно да се достават до Специјалното јавно обвинителство..
„Без сомнение овој предлог-закон е кршење на членот 16 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека цензурата е забранета. Предлог законот недвојбено преставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска.Одредбата во која се предвидува дека“тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години” дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе преставува сериозна закана за работата на новинарите. Апелираме пратениците да не го изгласаат овој закон и да сторат се што е во нивна можност тој да не помине во собраниските процедури.“– се вели во реакцијата на ССНМ.
OhridNews
ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ предлагаат закон за забрана за објавување на „бомбите“