Сојузот на синдикатите на Македонија на 18-от конгрес што денеска започнува во Охрид ќе избира претседател.

Кандидат на претседател е магистер Живко Митревски, сегашен вршител на должноста претседател на ССМ, а неговата кандидатура ја поддржаа 16 грански синдикати здружени во Синдикатот.

Покрај делегатите на Конгресот ќе присуствуваат повеќе гости од гранските синдикати здружени во ССМ, претставници на други синдикални организации од земјава и на државните институции, како и претставници на меѓународните синдикални конфедерации.

На дневниот ред исто така ќе бидат разгледани Предлог – Програмата за дејствување на Сојузот на синдикатите на Македонија за периодот 2010 – 2015 година и Резолуцијата за социјалниот дијалог и улогата на синдикатите во услови на економска и финансиска криза.

OhridNews