Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2024 година изнесува 62.861,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 год. која изнесува 62.021,00 денари е зголемена за 840,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец декември изнесува 78.236,00 денари, велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Забележително е дека од месец септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10%, истите даваат резултат, делот на храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075,00 денари спореден со септрември 2024 година (23.034,00 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи во предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за истите да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, реагираат од ССМ.

Загрижува, велат, тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075,00 денари е зголемен за дополнителни 397,00 денари, наместо да биде намален за најмалку 10%.

Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците, додаваат.

OhridNews