Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) овезбеди право на К-15 за сите работници. Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.
Во таа смисла потсетуваме дека ова право треба да им се обезбеди на работниците до крајот на годината, за што всушност Владата на својата последна седница донела одлука дека целиот јавен сектор треба да исплати регрес за годишен одмор за вработените, а работодавачите потребно е да ја почитуваат во целост. Истовремено, ги потсетуваме и работодавачите во приватниот сектор дека до крајот на годината треба да исплатат регрес за годишен одмор за своите вработени, право уредено со Општиот колективен договор за приватен сектор потпишан од Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат во приватниот сектор, посочуваат.
Додаваат дека имплементацијата на Општите колективни договори за приватен и јавен сектор потпишани од ССМ е задолжителна.
OhridNews