Сојузот на синдикатите на Македонија  бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, односно до крајот на 2021 година минималната плата да се зголеми на 18.000 денари со што ќе изнесува околу 63% од просечната плата.

Во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 тогаш од прилика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот, велат од ССМ.

Од синдикатот велат дека е потребно и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните, укажуваат од ССМ.

OhridNews