Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати поднесоа иницијатива за воведување на повеќе можности за пензионирање, а не само како досега со исполнување на потребните години старост и минимум 15 години стаж.

Синдикатите бараат воведување старосна пензија по работен стаж без оглед на возраста, старосна пензија по возраст или работен стаж по дејности, предвремена по возраст и неполна старосна пензија.

Синдикатите предлагаат да може да се оди во пензија со 35 години работен стаж за жени односно 40 години мажи без оглед на возраста, опции за пензионирање за различни дејности согласно нивната специфика, можност за одење во пензија без исполнета старосна граница доколку поради одредни проблеми или причини не може да продолжи да работи, како и можност за доплата на стаж за најмногу три години заради исполнување на условот за пензионирање.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, рече дека  многу тешко ќе биде да се прифати инцијативата, но сепак смета дека е потребно за неа да се разговара на економско социјалниот совет, како и да се направат поопсежни анализи.

OhridNews