Соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии (China national Research Institute of Food and fermentation industries) е надградена со посета на бизнис делегација од ССК на повеќе индустриски градови во Народна Република Кина.

Бизнис делегацијата на ССК е составена од Загорка Блажевска, директор и сопственик на Вита Нова, фирма за суровини за прехрана, фармација и козметика, член на Управен одбор на Сојуз на Стопански Комори, Јани Богевски – сопственик на винарија „Бовин“, Дина Дервенџи Стојкоски – менаџер на ресторан и хoтел „Камник“ и Игно Јанчев – менаџер за продажба и извоз на винарија „Венец“.

Како што информира Сојузот на стопански комори на Македонија, Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии е најважен истражувачки орган на системот за стандардизација во Кина и е мост меѓу центрите на производство и примена на науката со цел заокружување на научниот синџир и стекнување национална доверба во производите и услугите.

Во рамки на Инситутот постојат четири истражувачки институти, 15 истражувачки групи, две виртуелни истражувачки групи и повеќе од 110 специјализирани лаборатории во стандардниот истражувачки институт, обезбедувајќи ја потребната позадина за истражување. Инсититутот има соработка со Националната организација за стандарди, под Секретаријатот на релевантните комитети на Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Комисијата за кодексот за храна (CODEX) и Меѓународната организација за правна метрологија (OIML).

ССК заедно со бизнис секторот интензивно работи на полето на стандардизација за да се подобри квалитетот и да се задоволат потребите на општеството во областите безбедност на храната и животната средина, дополнително делува на достапност на технолошки консултации до индустриите и поддржува инклузивен раст преку иновации. Главен акцент е компаниите да имаат можност на искористување на научниот потенцијал на универзитетите, истражувачките центри, индустриите и другите даватели на услуги со цел решавање на клучните и приоритетни предизвици во бизнис секторот, се вели во соопштението.

OhridNews