„Во Македонија постои спрега во која официјално или неофицијално се шпекулира дека е влезена и Народната банка банкарскиот сектор се однесува како лихварски сектор, кој во невидлива спрега со неколку големи фирми го кочи развојот на економијата и претприемништвото во Македонија“, рече Калеников.
Тој вели дека малите и средните претпријатија тешко доаѓаат до кредити бидејќи банките се со изговор дека немаат доволно добри проекти и додаде дека не треба да се кочи нивниот развој.
Калеников ги повика и министерот за правда и министерот за економија да се испита наследноста на имотот на зградата на Стопанската комора и додаде дека треба да се воведе дел каде ССК заедно со СКМ и Владата заедно ќе ги решаваат проблемите.
извор „Макфакс“