Британката Мелиса Томпсон зададениот пасус го напишала за само 26 секунди. На својот мобилен телефон Самсунг Галакси напишала „Пираните со разорни заби од родот Serrasalmus i Pygocentrus се најопасните слатководни риби на светот. Сепак во стварноста ретко напаѓаат луѓе“, за рекордно време.


Официјалниот гинисов рекорд го држел Френклин Пејџ кој го напишал истиот пасус минатата година за десет секунди повеќе. Британката вели дека претходно пораките ги пишувала уште побрзо, но откога се преселила кај момчето поретко пишувала и затоа малку зарѓала.