Срцевите заболувања се во пораст а и натаму остануваат водечка причина за смртност, предупредуваат лекарите.
Ваквите заболувања ги полнат и охридските амбуанти, а најзастапена е коронарната артериска болест.
Од интерното одделение на општата болница велат дека пациентите се едуцираат како да ги намалат факторите на ризик а потоа им се дава и соодветната терапија.
Оттаму апелираат редовно да се контролираат крвниот притисок, шеќерот во крвта и маснотиите и препорарачуваат здрав начин на живот што подразбира здрава исхрана и редовна физичка активност.
Ohridnews