Светската федерација за срце, заедно со своите членки, истакнува дека 80% од предвремената смртност предизвикани од болестите на срцето и мозочниот удар може да се спречи со контрола на неколку значајни фактори на ризик, во кои спаѓаат пушење, неправилна исхрана и физичка неактивност.
По повод Светскиот ден на срцето, 26 септември, во недела, Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид на Градскиот плоштад “Климент Охридски” во Охрид во периодот од 10.00 -15.00 часот, ќе реализира кампања под мотото “Јас работам со срце”, која има за цел да влијае на зголемување на свеста на граѓаните за здравјето на своето срце. Кампањата Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид ќе ја реализира во соработка со Фармацевтската куќа „Баер“.
Светскиот ден на срцето е востановен со цел да се зголеми јавното знаење за ризиците и да се унапредат мерките за превенција.