Со добра воља на пејачите Игор Узунов, Ѓоко Танески, Наде Талеска, Били Ѕвер и Блекман, кои настапија хуманитарно беше собрана сумата на парични средства која недостасуваше за лекување на малиот Иван Лекоски кој боледува од церебрална парализа и епилепсија.


Организацијата на настанот беше помогната од локалниот Црвен крст, и од сопствениците и персоналот на клубот Инсомниа, кои таа вечер се откажаа од своите хонорари и заработка и ги донираа за Иван. Во чест на акцијата членовите на целиот персонал беа облечени во кошули со знакот на Црвен крст, и во тој стил беше декориран и амбиентот.
– Огромна е нашата благодарност кон вас и Вашата драгоцена поддршка, со која успеавме да го испромовираме овој настан, да се собере потребната публика и да се оствари нашата заедника цел, собирање пари за лекување на детето – велат од хуманитарната организација Срце од срце.

OhridNews