Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, најголемата арена „Борис Трајковски“, легендарната сала „Кале“ и двете нови сали во „Јане Сандаски“ се кандидати за организација на Европското кадетско првенство за мажи во ракомет следната година.
Делагати од Европската куќа на ракомет (ЕХФ) ќе одлучат кои две арени од петте ќе бидат домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во летниот период 2015 година.
Охридската арена, спортската сала во Струмица и „Борис Трајковски“ летово беа домаќини на Светското првенство во ракомет за жени и добија високи оценки за организацијата.
Оваа година охридската убавица беше домаќин на завршницата од Купот на Македонија во кошарка и ракомет, а неодамна се одржа Европското првенство во бадминтон за сениори.
Мх.П.