Ова е лоша реклама за Охрид, кој како што гледам, има многу туристи. Слушнав дека во инцидентот се вмешани момци од Белград, но за жал морам да кажам дека вакви работи кај нас секојдневно се случуват и не е ништо ново. Не размислувам воопшто да го прекинам одморот, затоа што тука се чувствувам пријатно
Друг турист од Србија вели: Јас лично се чувствувам безбедно тука. Никој ништо лошо ми нема направено, луѓето се гостопримливи секаде каде што одам. Бев во Свети Наум, во стариот дел на градот, по клубови, дискотеки и немав никаков проблем. Воопшто не размислувам по инцидентот што се случи да си заминам.
Вознемиреност по трагичниот настан постои, ни изјави еден млад човек од Србија, кој исто така летниот одмор го минува во Охрид: Ова е страшно, немам зборови. Вака во Европа не одиме. Мислам дека инцидентот ќе влијае врз туризмот во Охрид. Еве денеска телефонски ме побара мајка ми и ми кажа да внимавам каде излегувам и со кого. Сепак и тој вели дека нема намера предвреме да си оди од Охрид.
Инцидентот го осудија и македонските туристи. Револтиран сум, а од разговорите со локалните жители заклучив дека револт има и кај нив. Стравувам дека односите со Србија ќе се расипат и дека овој немил настан лошо ќе се одрази на туризмот, ни изјави гостинот од Македонија.