Апсолутна доминација на српските “Кендоки“ на третиот балкански кендо куп кој викендов се одржа во Охрид. Во екипното натпреварување во финалето првиот српски тим го совлада вториот, додека со бронзени медали се закитија Романскиот прв тим и Бугарскиот втор тим.
Поединечна во сениорска конкуренција првите три места ги завзедоа српските репрезентативци. Победи Комревиќ Витомир, втор беше Бранко Борота, додека трет Александар Сузаревиќ .
Кај јуниорите победи Урош Бабиќ од србија, втор беше бугаринот Александар Дрчев, додека бронзени завршија Јончев Јончо Бугарија, односно Богдан Путовац од Србија.
На третиот балкански кендо куп учество зедоа 120 натпреварувачи од седум држави. Наградите на најдобрите во оваа традицонална јапонска дисциплина им ги додели преседателот на МОК Васил Тупурковски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com