Српскиот стендап комичар Небојша Груиќ гостува пред охридската публика со шоу во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 16 март.
Heговото стендап шоу „Дојденец“ е збирка животни приказни со комичен карактер. Небојша се занимава со комедија веќе 8 години, а пред 1,5 година одлучи да направи соло шоу. Многу ја сака Македонија, па затоа оваа вечер ќе зборува и за Скопје и Охрид. Темите што ќе ги слушнете во шоуто се: детство, работа, машко-женски односи и многу други, велат организаторите.
Билетите не се нумерирани. Принципот на седење е прв дојден прв услужен. Врати за публика ќе биде отворен во 19:30 часот. Шоуто започнува во 20:00 часот.
Шоуто не се препорачува на лица под 16 годишна возраст!
OhridNews